6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

На Хималаите пронајдени тела на седум исчезнати планинари

Најчитани вести

Телата на седуммина планинари кои исчезнаа минатиот месец беа пронајдени на Хималаите.

БиБиСи објави дека тимот на спасители го бара телото на осмиот планинар.

Тоа е група на планинари во коja имало четворица Британци, двајца Американци, еден Австралијанец и еден Индиец. Тие се обидувале да се искачат на вториот највисок врв на Хималаите.

Планинарите исчезнаа меѓу два глечери на надморска височина од 5.380 метри над врвот Нинда Деви.Се верува дека загинале во лавината при искачувањето.

Контактот со нив бил изгубен на 26 мај, на ден пред да падне лавина. Групата беше предводена од искусен алпинист Мартин Моран.

Неколку пати овој месец биле организирани спасувачки кации , но обидите да се најдат нивните тела пропаднале откако хеликоптерите неколку пати не успеаја да ги донесат спасувачите на планината.

Се верува дека на спасувачите ќе им треба околу три дена да ги вратат телото во базниот камп.Тимот од 50 планинари овој пат тргна во мисија да ги донесе телата на загинатите..

“Ова е најтешката мисија на индиските спасувачки тимови за враќање на телата на планинарите од повисоките делови на Хималаите”, рече претставник на индиските власти .

Во групата од која беа исчезнатите планинари, имаше уште четворица планинари кои беа спасени претходно овој месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести