-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

На фудбалски терен почина 18-годишен руски играч

Најчитани вести

18-годишниот фудбалер, Никита Сидоров синоќа почина на стадионот на Торпедо по само пет минути поминати на теренот.

Русија е погодена од веста за смртта на 18-годишниото Никита Сидоров, член на младинскиот тим на Знамија Труда.

„Докторите и брзата помош веднаш реагираа, се бореа за неговиот живот повеќе од еден час, но за жал не успеаа, го загубивме Никита. Тој беше најздравиот фудбалер во тимот“, изјави директорот на клубот, Михаил Пузанов.

Се верува дека причина за смртта на Сидоров е оштетување на мозокот односно церебрален аневризам, но ваквата информација треба да биде потврдена од извештајот од обдукцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com