-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

На Универзитетот во Тетово се одржа шаховски турнир во чест на основачот Фадил Сулејмани

Најчитани вести

Универзитетот во Тетово организираше турнир во шах во чест на осумдесет и првиот роденден на основачот на установата проф. д-р Фадил Сулејмани. Турнирот се одржа во спортската сала на Универзитетот со поддршка на шаховскиот клуб Шкендија од Тетово.

–Овој турнир веќе стана традиционална манифестација организирана во чест на роденденот (5 декември 1940 г.), на основачот и прв ректор на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фадил Сулејмани. На овој турнир учествуваа вкупно 30 шахисти, сите студенти од различни академски единици на нашиот Универзитет. На крајот од 9-те кола беа прогласени победниците, а првите три места беа наградени со пехари. За победник на овој турнир беше прогласен студентот Башким Лума, кој собра вкупно осум поени. Второто место го освои Премтим Јакупи додека трето Гелдон Ибиши, информираат од Универзитетот во Тетово.

Натпреварите се одржуваа по швајцарски систем со девет круга и ограничено време од десет минути за секој играч.  Доделени се медали и за позициите од четврто до седмо место. Исто така, беа доделени сертификати на сите натпреварувачи во знак на благодарност за учеството на овој турнир.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com