14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

На УЕФА и е доста: Испрати јасни пораки за спонзорските пијалоци

Најчитани вести

Прво Кристијано Роналдо, потоа Пол Погба и Мануел Локатели ги отстранија спонзорските пијалоци на прес-конференциите по натпреварите на Европското првенство.

УЕФА ги замоли сите играчи од 24 репрезентации да престанат со отстранување на стратешки спонзорски пијалоци. За тоа зборуваше директорот на ова натпреварување, Мартин Кален.

“Ова е важно затоа што заработката од спонзорите е важна за натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неопходни за да се обезбеди развој на фудбалот низ цела Европа, вклучително и млади и жени”, рече Кален.

Тој ги предупреди фудбалските федерации дека можно е да има казни, бидејќи играчите имаат потпишано правила и одредби пред ова првенство. Истовремено потенцира дека ги разбира играчите како Погба, кој поради религиозни причини ги отстрануваат шишињата.

„Никогаш не ги казнуваме директно играчите, тоа го правиме преку нивните федерации, тие се кои треба да одлучат дали ќе го сторат тоа“.

На лицата одговорни за медиумите на сите 11 стадиони им беше наредено во иднина да отстрануваат алкохолни пијалоци пред фудбалери од муслиманска вероисповед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести