Скопје, 9 септември- Во 2 часот после полноќ на Граничниот премин Табановце на излез од РСМакедонија бил лишен од слобода Г.К.(33) од Р.Албанија затоа што при проверка во оперативна евиденција евидирал на Стоп-листа по барање на Интерпол од Р. Грција, со мерка да се лиши од слобода. Г.К. бил предаден на полициски службеници од СВР- Куманово за натамошна постапка.