20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

На Табановце за излез се чека еден час, на ГП Богородица помалку

Најчитани вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на Граничен премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 9 до 20 август 2022 на патниот правец крстосница Маврово – Галичник Р- 2238 сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот поради асфалтирање. Градежните работи ќе се изведуваат само во работни денови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com