-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

На Табановце за влез во државава се чека половина час

Најчитани вести

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државава е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести