-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

На средба со „Македонија 2025“ Мицкоски ја критикуваше Владата

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес имал средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни за напредокот на Македонија.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажал дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

„Граѓаните сѐ повеќе осиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања. На Република Македонија ѝ е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната“, изјавил Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести