Home » На собраниска комисија поминаа ратификациите на протоколите за членство на Шведска и Финска

На собраниска комисија поминаа ратификациите на протоколите за членство на Шведска и Финска

by Журнал.мк

Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО Алијансата добија едногласна поддршка од пратениците од власта и од опозицијата на Комисијата за надворешна политика во македонското Собрание.

Тие оценија дека овие две скандинавски земји и давале поддршка на Македонија во нејзиниот евро-атлантски пат уште од нејзиното осамостојување, и дека со нивното зачленување во НАТО ќе се подобри безбеднсната архитектура на европскиот континет. Предлог-законите за ратификација на протоколите треба утре да се најдат на пленарна седница.

На седницата на собраниската комисија своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентираше новоименуваниот амбасадор Зоран Попов. Но, неговото излагање беше зад затворени врати поради, како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите, па тезите на Попов можеа да ги проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со ова, завршени се сите процедури за заминување на новиот амбасадор на дипломатската мисија во Вашингтон.На продолжението на седницата, која дополнително ќе биде закажана, пред членовите на Комисијата своите тези за дипломатските активности треба ди ги претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Република Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

Од МНР информираа и дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста.Станува збор за Виктор Димовски кој ќе биде амбасадор во Франција, Агнеса Руси во Бугарија и Јован Манасијевски во Турција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk