1 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

На секој час по 50 луѓе завршуваат во болница поради невремето во Шпанија

Најчитани вести

На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба.

Мадрид е погоден од снежна бура во Филомена, што ги опколи градските улици и ја парализира Шпанија, која не е навикната на толку многу врнежи од снег.

Во последните 36 часа 2.000 жители се примени во службите за итни случаи во болниците во Мадрид, изјави градскиот службеник за здравство, Енрике Руиз Ескудеро за радио станицата „Онда Церо“.

Околу 40 проценти од сите случаи примени во итната служба, се жртви на снежната бура Филомена. Снегот што паѓаше 33 часа нeпрекинато во Мадрид минатата недела, во петокот и саботата, се претвори во мраз откако времето се смири, а чистењето на градските улици се одвива бавно поради недоволниот број машини и лопати.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести