12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

На самитот на НАТО вчера Заев го поканил Бајден да дојде во Македонија

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев вчера на маргините на самитот на НАТО се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција. Зоран Заев го поканил Бајден во Македонија, јави МИА од Брисел.

Во интервју за МИА, премиерот Заев откри дека остварил куса, но значајна средба со новиот американски претседател од кого добил охрабрувачки пораки, и најава за посета на Западен Балкан.

„Се видов и со претседателот Бајден, имавме прилика да поразговараме, разговорите беа прво за нашата енергетска поврзаноста, којашто ја правиме заедно преку проектот Александрополи, тоа е американско-грчки-македонски проект, но поразговаравме и за неговата посета на Западен Балкан. Ја искористив приликата да го поканам, секако тој позитивно искоментира, кажувајќи ми дека го знае Западен Балкан, работел за Западен Балкан, ја има целата поддршка на Соединетите Американски Држави и секако во неговата агенда ќе планира некоја посета, изјави Заев за МИА.

„Навистина разговорот беше пријатен како земји стратешки партнери во делокругот на вредностите, на демократијата, на напредувањето на сето она што значи квалитетен живот овде во Северна Македонија. Затоа што навистина Америка тоа го правела сите овие 30 години независност во нашата поддршка, а за мене и за нашиот народ е важно да продолжи таа поддршка. Драго ми е што имавме прилика со него да поразговараме на вака значајни теми коишто се преокупација и на Америка и на Европа, иако не сме членка на ЕУ, верувам дека подеднакво гледаат на сите нас, впрочем тоа и низ разговорите претседателот Бајден и го покажа, изјави Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com