23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

На продажба првиот Apple компјутер: Дали би ја платиле оваа неверојатна цена?

Најчитани вести

Кон средината на седумдесетите години, Apple беше компанија во зачеток. Стив Џобс и Стив Вознијак одлучија да го направат Apple 1, нивниот прв компјутер што имаше дрвено куќиште.

Apple 1 беше произведен во 1976-та година, а сега, 45 години подоцна се продава на eBay платформата како колекционерски примерок за неверојатни 1,5 милиони долари.

Ова е еден од шест Apple 1 примероци со дрвено куќиште. Освен ситни поправки за машината да може да работи, се е целосно автентично кога е во прашање уредот.

Мониторот кој доаѓа со компјутерот е Sony TV-115 кој го препорачуваше Apple.

Што се однесува до спецификациите на уредот, тука е 8-битниот MOS 6502 микропроцесор кој работи со брзина од 1 MHz. Меморијата изнесува 4 KB, но може да биде проширена на 8 KB или 48 KB.

Произведени се само 200 вакви уреди, па сигурно е дека ќе се најде некој богат колекционер кој ќе биде подготвен да ја плати сумата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести