14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

На продажба првиот професионален болид на Михаел Шумахер

Најчитани вести

Во Велика Британија на продажба се најде првиот болид кој го возел Михаел Шумахер како професионален возач во Формула 1 шампионатот. Станува збор за болидот Jordan 191 – Ford Cosworth HB кој германскиот шампион го возече на трката за Големата наградата на Белгија во 1991 година.

Овој болид најпрво го возеше италијанецот Андреа де Цезарис истатта година во рамките на трката за големата награда на Унагарија каде овој возач заврши на позицијата број 7.

Веќе на следната трка тој му припадна на Михаел Шумахер. Шумахер на оваа трка дебитираше во Формула 1 шампионатот, но на оваа трка која беше единствена негова таа сезона, не успеа да ја заврши.

Дизајнот на болидот е дело на Гери Андерсон, Марк Смит и Ендри Грин. Опремен е со HBA4 3,5 литарски мотор развиен од Ford, а е со 650 КС и 13.000 вртежи во минута.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести