-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

На повидок нова криза во Бугарија, БСП нема да ја поддржи владата што ја предлага Слави Трифонов

Најчитани вести

Бугарската социјалистичка партија (БСП) нема да ја поддржи владата на Слави Трифонов, најави денеска лидерот на партијата Корнелија Нинова.

Нинова како аргумент ги посочи четирите цели на БСП – да се промени моделот на управување на паралелната држава, да се врати државноста, да се решат социјалните проблеми на луѓето преку политики и да се обезбеди сигурност и стабилност на Бугарија.

Таа додаде дека „гневот на луѓето од протестите беше искористен за уште еден политички експеримент“.

Нинова истакна дека Слави Трифонов му нанесе тежок удар на парламентаризмот со начинот на кој го презентираше својот предлог. Покрај тоа, рече дека Трифонов немаше предлози за социјални мерки, промена на моделот на здравствена заштита и образование.

„Ако ГЕРБ ја предложи владата, БСП ќе гласа против. Ако бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го даде мандатот за нова влада на Нинова, тоа ќе се реализира“, најави лидерот на социјалистите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести