17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

На плоштад ќе се одржи матурска парада

Најчитани вести

По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи „Матурската парада“.

На парадата ќе учествуваат матуранти од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Организатор на „Матурската парада“ е Дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com