2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

На плажа во Грција од 14 мај, вакцинирани или со негативен тест

Најчитани вести

Грција ги отвора границите со Македонија на 14 мај, но нашите граѓани ќе мораат да приложат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, а како што додаде, грчките власти планираат да ја отворат границата во Дојран и границата во Гевгелија.

– Имаме честа комуникација со грчкиот министер за здравство и со грчкиот министер за туризам, а денеска добив информација дека Грција планира да ги отвори границите на 14 мај. Секако, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Отворени ќе бидат границите во Дојран и во Гевгелија – истакна Филипче.

Тој објасни дека наскоро ќе им испрати на грчките власти како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација.

– Јас зедов обврска да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што можат да издаваат ПЦР тестови. Се надевам дека нема ништо драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката ситуација во двете земји, но како што стојат работите, според најавите на грчкиот министер за туризам, на 14 мај ќе се отворат границите – објасни Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com