4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

На пациент во Приштина од стомакот му извадиле мобилен телефон

Најчитани вести

На Клиниката за гастроентерологија во Приштина се случила необична интервенција, објавија локалните медиуми.

Во оваа интервенција од стомакот на маж (33) бил изваден мобилен телефон, што го проголтал пред четири дена.

Медицинскиот тим кој во постапката го водел докторот Скендер Теjаку прво ја извадиле маската од телефонот, потоа батеријата, што се смета за многу опасен дел, а потоа и остатокот од мобилниот телефон.

-Лицето кое проголтало туѓо тело мораше итно да биде прегледано гастроскопски. Кога влеговме во стомакот видовме дека телефонот е поделен на три дела. Едниот дел беше пластичен, преден и заден капак, плус батерија.Со опремата што ја имавме влеговме во стомакот и почннавме да ги вадиме деловите. Последна ја извадивме батеријата, која е најопасна од сите овие делови бидејќи може и да експлодира во цревата и да ослободи хемикалии – изјавил д -р Теjаку за приштинските медиуми.

Постапката траела два часа, без да биде сечен стомакот на пациентот.

Лекарот не ги споменал причините зошто човекот го голтна телефонот, но рече дека пациентот сега е во добра здравствена состојба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com