26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

На патот до светска слава: Вака изгледала Ирина Шајк пред 15 години

Најчитани вести

Познатата руска убавица, која последните години блескаше и гореше на модните писти на светските модни метрополи, успеа да ги воодушеви своите бројни обожаватели со својот последен пост на Инстаграм.

Нејзиното патување кон светска слава во модната индустрија започна во 2006 година, а сега одлучи да ги запомни своите почетоци.

Во 2007 година, Ирина Шајк го доби својот прв голем моден ангажман со тоа што стана главна sвезда на кампањата на брендот Intimissimi, а неколку години подоцна стана една од најбараните модели на денешницата.

На својот Инстаграм профил, кој го следат повеќе од 14 милиони обожаватели, Ирина реши да се осврне на своите почетоци во модната индустрија објавувајќи фотографија во долна облека направена во 2006 година.

Од таа година, нејзината кариера тргнува по нагорна траекторија а до денес имаше можност да украси бројни насловни страници на модните списанија, да носи ревии на водечки дизајнерски брендови и да се претстави во улога на модели во нивните бројни кампањи.

Кога не шеташе по модните писти на светските модни метрополи, денес 34-годишната Ирина Шајк претпочита слободното време да го поминува со нејзината четиригодишна ќерка Леа од врската со холивудската sвезда Бредли Купер.

Бредли и Ирина ја започнаа својата љубовна врска во 2015 година за да ја прекинат четири години подоцна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести