6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

На папата Франциск му е чест што го напаѓаат Американците

Најчитани вести

Папата Франциск за време на краткото интервју со еден француски новинар рече дека е почестен од критиките што му ги упатуваат конзервативните католици во САД.

„За мене е чест да бидам нападнат од Американците“, му рече папата на Николас Сенез од католичкиот весник „Кроа“, кој напиша книга за тоа како САД сакаат да ги менуваат папите.

Кога Сенез му достави копија од книгата во авионот на патот кон Африка, папата се пошегува: „Ова ќе биде бомба“.

Сенес во книгата пишува за две кампањи започнати од американски католици, вознемирени од иновациите на папата Франциск, пренесува „Си-ен-ен“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести