18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

На онлајн петицијата на ВМРО-ДПМНЕ за нов закон за попис досега 1.800 потписи

Најчитани вести

До утрово речиси 1.800 лица ја потпишале онлајн петицијата на ВМРО-ДПМНЕ како поддршка на барањето за нов закон за, како што велат од опозициската партија, фер и праведен попис.

Освен онлајн петицијата, ВМРО-ДПМНЕ најави и собирање потписи во подрачните единици на Министерството за правда каде што треба да се евидентираат во избирачките списоци, но откако во Собранието ќе биде изгласан законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека намерата на власта е да спроведе попис без почитување на европските стандарди, што, според нив, е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку „политичко-пазарџиска операција“.

„Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати. Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис“, соопшти утринава ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ, пак, непочитувањето на законот и на резултатите од пописот значи бојкот, нешто што досега не е забележано никаде во светот.

„Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите. Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот.
Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот“, соопшти денеска СДСМ.

Директорот на Државниот завода статистика претходно повика рече дека треба да се соочиме со реалноста и да се прифатат резултатите без оглед дали некому му се допаѓаат или не.

Во Собранието, заврши тридневната расправа за законот, а гласањето се очекува во текот на оваа недела.

Најнови вести