13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

На Нов Зеланд прв смртен случај по примена Фајзер вакцина

Најчитани вести

Нов Зеланд денеска соопшти дека жена починала откако ја примила вакцината Фајзер против Ковид-19.

„Ова е прв случај во Нов Зеланд во кој смрт настапила во денови по вакцинацијата и се поврзува со вакцината на Фајзер против Ковид-19″, соопшти Министерството.

Независна комисија за следење на безбедноста на вакцините против Ковид-19 утврди дека смртта на жената се должи на миокардит, редок несакан ефект од вакцината на Фајзер против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Според комисијата, миокардитот најверојатно бил предизвикан од вакцинацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com