15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

На Мјанмар му се заканува голема граѓанска војна

Најчитани вести

Специјалната претставничка на ОН за Мјанмар Кристин Шранер Бургенер предупреди дека таа земја се соочува со можност за широка граѓанска војна и го повика Советот за безбедност да разгледа „потенцијално значајна акција“ „да се отстрани воената хунта од власт и да се врати демократијата. Шранер Бургенер не прецизираше за какво дејствие ќе смета дека е значајно, но таа претстави мрачна слика за конфронтацијата на воените власти со демонстрантите во видео обраќањето до членовите на Советот за безбедност на ОН, предупредувајќи дека Мјанмар е „на работ да стане пропадната држава“.

Таа го повика Советот за безбедност „да ги разгледа сите расположиви средства за преземање колективни активности“ со цел „да се спречи гоема катастрофа во срцето на Азија“. Армијата на Мјанмар изврши државен удар на 1 февруари, уапси членови на претходната влада и прогласи едногодишна вонредна состојба, поништувајќи го бавниот напредок кон демократијата, кој започна по пет децениското воено владеење. Шранер Бургенер изјави дека од воениот удар досега биле уапсени 2.729 лица, околу убиени 530 лица биле убиени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести