17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

На Мијалков му застари едно од кривичните дела во “Таргет и Тврдина”

Најчитани вести

На денешната седница во Апелација, за случајот “Таргет и Тврдина”, вишиот
обвинител Елвин Вели, истакна дека првостепената пресуда за масовното прислушување во УБК, е јасна и прецизна.

-Судот целосно и правилно ја утврдил хронологијата на кривичниот настан, истакна обвинителот Вели.

Тој истакна и дека треба да запре кривичниот прогон против обвинетиот Сашо Мијалков за едно од кривичните дела за кои се гони, поради апсолутна застареност.

Поточно, Мијалков се гонеше за три кривични дела, односно за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување“ на казна затвор од 5, и за „Примање награда за противзаконито дејствување“ на казна затвор од 3 години. Тој ги доби максималните казни предвидени за секое дело, или единечна казна за сите три дела од 12 години.

Но, во февруари минатат година застари последното дело, за “Примање награда за противзаконито дејствување”. На денешната седница пак беше констатирана застареноста.

Од Обвинителството за оваа околност информираа и преку соопштение.

-На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди, појаснуваат од Обвинителството.

По вишиот обвинител, своите жалби ќе ги образложат и обвинетите и нивните адвокати.

Второстепениот суд откако ќе ги разгледа жалбите може да ја потврди првостепената пресудата, да ја преиначи или да ја укине и да ја врати на повторно одлучување.

“Таргет-Тврдина“ беше еден од најважни предмети на СЈО. На 29 март 2016 година прво беше отворена истрага „Тврдина“ за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, а на 17 ноември истата година беше отворена и истрагата со кодно име „Таргет“ за масовното прислушување. Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.

Во обвинението СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20.000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1.541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или вкупно биле следени 5.827 телефонски броја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com