17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

На Криволак воена вежба „Брз одговор 22“ сo 4.600 војници од осум држави

Најчитани вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, присуствуваше на воениот полигон Криволак на теренскиот брифинг за воената вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“), што ќе започне викендов и којашто е досега најголемата вежба што се реализира во Македонија. На настанот присуствуваше државниот врв и високи преставници на амбасадите и конзуарните претставници во државата, а секако и високи воени и државни претставници од земјите учеснички на вежбата.

На воениот полигон Криволак теренскиот брифинг за воената вежба „Брз одговор 22“ – претставуваше транспарентна демонстрација на заеднички одбранбено-безбедносни чекори за стабилна иднина на нашата држава.

Како што и посочи министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на полигонот Криволак за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираа од Министерството за одбрана.

Инаку, комплексната голема воена вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22) којашто вклучува 4.600 војници, од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com