-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

На Италијанците им се погоди Жоржињо, па сега ќе им дадат државјанство на уште тројца Бразилци

Најчитани вести

Италијанската фудбалска репрезентација која е потенцијален противник на Македонија за баражите за Светското првенство во Катар, може дополнително да се засили со тројца бразилски фудбалери.

Во моментов, дресот на Аѕурите го носат Жоржињо и Емерсон, кои се родени Бразилци, а во иднина може да се случи речиси половина тим да им бидат фудбалери кои се од Бразил, но добиле италијански пасош.

Италијанската федерација веќе е во постапка за вадење пасоши за Жоао Педро од Калјари, Луиз Фелипе од Лацио и Рожер Ибањес од Рома.

Овие тројца играчи ќе станат Италијанци, а селекторот Роберто Манчини е тој што ќе треба да одлучи дали му требаат во националниот тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com