16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 610 пациенти со Ковид-19

Најчитани вести

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид – центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани двајца пациенти, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести