21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

На интензивна нега во болниците во Париз се примаат се помлади лица со Ковид-19

Најчитани вести

Во текот на изминатите десет дена, една четвртина од пациентите со коронавирус хоспитализирани во париските јавни болници биле под 40 години, вели професорот Бруно Мегарбан.

Повеќе од три милиони Французи ја примиле првата инјекција на вакцината против Ковид-19, претежно луѓе постари од 75 години. И ова почнува да се чувствува во бројките на епидемијата, особено во одделенијата за интензивна нега на болниците. Во болницата Ларибоизиер во Париз, просечната возраст на пациентите опаѓа веќе неколку дена.

Гледајќи го списокот на пациенти со Ковид во неговото одделение за медицинска интензивна нега, професорот Бруно Мегарбан ги пресметува возрастите на секој од нив: пет пациенти под 50 години или 40 отсто од пациентите, вклучително и неколку на триесет години.

-Јасно е дека имаме впечаток дека се помлади и ова е особеност што се забележува во сите болници, вели професорот Мегарбан, за Франсинфо.

Односно, околу 25 отсто од пациентите кои беа хоспитализирани во последните десет дена се на возраст под 40 години.

Многу стари пациенти ретко се примаат на интензивна нега бидејќи тие често се премногу слаби за да можат да издржат тежок третман, но нема правило. Болницата во Ларибоизиер има и 80-годишен пациент.

Овој неодамнешен тренд на подмладување на пациенти со интензивна нега, забележан во париските болници, е можеби ефект на вакцинација.

-Навистина три четвртини од луѓето над 80 што живеат во домови за стари лица, но исто така и одреден дел од постарите луѓе се вакцинирани и затоа се заштитени, нагласува Бруно Мегарбан.

Професорот Мегарбан, исто така, претпоставува дека, веќе неколку недели, постарите лица се повеќе претпазливи и се изолираат. И обратно, опуштањето на најмладите, триесет и нешто, четириесет и нешто, може да го објасни нивното помасовно пристигнување во одделенијата за интензивна нега.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести