33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

НА ИНСТАГРАМ ПРЕЗГОДНА, ВО РЕАЛНОСТА СО 10 КГ ПОВЕЌЕ: Кого се обидува да измами Тори Спелинг ? (ФОТО)

Најчитани вести

Досега е општо познато дека Тори Спелинг ја искривува вистината и ништо не ѝ е свето. Сè што прави, прави за да ја измами јавноста и нема ограничување на тоа.

Актерката Тори Спелинг (47) би сакала да изгледа како топ модел и затоа прибегнува да ги поправи своите фотографии на социјалните мрежи. Така беше порано, а така е и сега кога објави фотографија во розов топ и здолниште, на која изгледа слаба и затегната.

Сепак, папараците ја фотографирале на плажа, во костим за капење и со 10 килограми повеќе. Се чини дека на Тори воопшто не ѝ е грижа што ќе излезе вистината, па упорно ја манипулира јавноста.

Од самиот почеток на нејзината кариера, актерката беше мета на критики поради пластичните операции, од кои признава само корекција на носот и зголемување на градите.

Со нејзиниот сопруг Дин Мекдермонт, 54, таа има пет деца, синовите Лиам (14), Фин (8) и Бег (4) и ќерките Стела (12) и Хети (9), сите го поминаа викендот во луксузното одморалиште во регионот Оринџ во Калифорнија, каде папараците ги фотографираа покрај базен.

Двојката минуваше низ голема брачна криза во 2013 година поради неговото неверство, а актерката наводно во тоа време имала нервен слом. Според него, Тори во тоа време постојано го напаѓала, поради што барал утеха во прегратките на други жени, но подоцна признал дека жали за своите постапки.

Двојката го спаси бракот, но потоа дојдоа и други проблеми, од финансиска природа. Имено, двојката Мекдермонт се најде пред банкрот, а беа должни од сите страни. Долговите, наводно, биле подмирени во април минатата година.

Интересно е и тоа што Тори и Дин се запознаа додека таа сè уште беше во брак со актерот и сценарист Чарли Шин. Нивната афера започна првата вечер кога се запознаа, а Тори наскоро се разведе и неполн месец по разводот кој беше завршен во 2006 година, се омажи за својот поранешен љубовник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести