На Д-Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди и 100 уметници

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Единствениот музички фестивал на отворено во земјава, популарниот „Д-Фест“ годинава ќе се одржи од 12 до 14 јили во Стар Дојран со тридневна, исклучително богата програма и фестивалски камп. На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци кои ќе учествуваат во бројните активности, перформанси и работилници кои што ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на „Д-Фест“, најавија организаторите од Пасворд продукција и општина Дојран.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот, покрај музичките настапи, вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно иполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега. Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден, 10 јули, ќе го сторат тоа по промотивни цени од 800 денари за четиридневен билет без кампување, односно по 850 денари со кампување.

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.