Немања Матиќ и Маркос Рохо не се во плановите на Оле Гунар Солшер, па доколку најдат вистински клуб за нив можат да го напуштат Јунајтед во јануари.
На Немања Матиќ и Маркос Рохо им било соопштено дека можат да го напуштат Манчестер јунајтед во јануари кога е зимскиот преоден рок.
Играчот од средниот ред Немања Матиќ и дефанзивецот Маркос Рохо не се дел од долгорочните планови на Солшер и може да си одат ако најдат соодветен клуб.
Младиот Скот МекТоминеј и Фред се првиот избор на Солшер и тоа нема да се промени, па речиси сигурно е дека српскиот интернационалец во јануари ќе има нов клуб.
Матиќ има само два стартни настапи оваа сезона, вкупно седум пати се појави на теренот. Ситуацијата на Рохо е уште полоша.