Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.