Владимир Кецмановиќ(48), таткото на Коста, кој утрово уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“, се товари за кривично дело – тешки дела против општата безбедност, му се заканува казна од 12 години.
Според Вишото јавно обвинителство во Белград, момчето не е кривично одговорно според Законот за малолетни сторители и кривично правна заштита на малолетни лица бидејќи не наполнило 14 години. На неговиот татко Владимир му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против општата безбедност.
Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.
-Доколку има тешка телесна повреда на лице или материјална штета од поголеми размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, ако смртта настапила на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години, вели Ристовиќ.