На граничниот премин „Богородица“, утрово, за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информира Автомото сојузот на Македонија
На „Табановце“ пак, половина час се чека за влез во државава.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.