1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

На Богородица за излез од државата се чека до 30 минути

Најчитани вести

На граничниот премин Богородица за излез од државата утрово се чека од 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

-Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони, информираат од АМСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести