-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

На Авганистанците е да ја бранат земјата од талибанците, тврдат САД

Најчитани вести

Откако талибанците во понеделникот го зазедоа Кундуз, главниот град на истоимената покраина и неколку погранични градови и трговски патишта, САД порачаа дека на авганистанските безбедносни сили е да ја бранат својата земја.

Претседателот Џо Бајден изјави дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август, додавајќи дека авганистанскиот народ мора да одлучи за својата иднина и нема да испрати уште една генерација Американци во 20-годишна војна.

Наместо тоа, американскиот специјален претставник во Авганистан Залмај Калилзад отпатува во Катар за да „изврши притисок врз талибанците да ја прекинат воената офанзива и да преговараат за политичко решение“, соопшти во вторникот Стејт департментот.

Во тридневните разговори, претставници на владата и мултилатералните организации ќе се заземат за „намалување на насилството и прекин на огнот и решени се да не ја признаат владата наметната со сила“, додаваат од Стејт департментот.

Талибанците, радикални сунитски муслимани кои сакаат повторно воведување на строг шеријат, започнаа воена офанзива од повеќе правци со повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан.

Во неделата, тие ги зајакнаа своите позиции на северот на земјата и во голема офанзива што авганистанската армија не успеа да ја запре, освоија главни градови на уште две покраина, вклучувајќи го и големиот град Кундуз.

Во опсег на неколку часа бунтовниците по жестоки борби го зазедоа Кундуз, кој го држеа со недели во опсада, Сари Пул, 400 километри западно, Талокан во североисточната покраина Тахар и Зарањ во јужната покраина Нимроз и Лашкар Гах, главниот град на покраина Хелманд.

Тие во понеделникот го прегазија Ајбак, главниот град на покраина Саманган.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека САД се длабоко загрижени за развојот на настаните, но дека авганистанските безбедносни сили се добро обучени и способни да им се спротивстават на талибанците.

На прашањето што може да направи американската војска доколку авганистанските сили не се спротивстават, тој одговори: „Не многу“.

„Тоа се нивни воени сили, нивни градови и покраини, нивен народ што треба да го бранат и сè ќе се сведе на раководството на земјата, како што ќе се покаже во овој конкретен момент“, рече Кирби.

Американските службеници кои сакаа да останат анонимни за Ројтерс изјавија дека го предупредиле Бајден на почетокот на годинава дека со повлекување на меѓународните сили, главните градови на покраините ќе паднат во рацете на талибанците, но дека и тие се изненадени од брзината со која талибанците ги освоиле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com