Од антички Рим, преку Индијанците, сè до Египет, Канада, Англија, САД и Јапонија – сите имаа причина да се распаднат, а некои од нив беа навистина смешни.
Во Канада, ќе биде доволно жената да докаже дека ‘рчењето на нејзиниот сопруг е премногу гласен за да се разведе од него. Во антички Рим, секој маж можел лесно да се ослободи од својата сопруга, ако таа била неверна или пиела вино без дозвола на сопругот. Да не заборавиме да спомнеме дека античките Римјани, за да се осигурат дека нивните жени не злоупотребуваат алкохол, измислиле убава традиција, која станала толку популарна што преживеала до ден-денес – бакнувајќи ја жената во уста, оценувале дали пиела алкохол.
Индијанците имале право да ја променат жената доколку не роди дете до 8та година од бракот.Исто така индијанец можел веднаш да се разведе со сопругата доколку таа била расположена за кавга.
Слично е и во Кина. Ова е местото каде кавгите и озборувањата се сметаат за доволни причини за развод.
Бучното миење садови, како и други бучни работни задачи во Италија се сериозна причина за развод.
Во Египет, професор повикал полиција и веднаш побарал развод затоа што се сметал за измамен. Поточно, тој открил во својот брачен кревет дека неговата нова сопруга е ќелава, но носела перика.
Има 7 главни причини за развод меѓу Корејците. Најголемото од сè е непочитување на родителите на жената кон нејзиниот сопруг. Додека ова се сметало да сериозен брачен проблем, несогласувњето на брачниот другар се смета за сосема небитно.