Home » Најчести симптоми на анемија: На што треба особено да обрнете внимание?

Најчести симптоми на анемија: На што треба особено да обрнете внимание?

by Журнал.мк

Анемијата настапува кога бројот на здравите црвени крвни зрнца во вашето тело е пренизок.

Црвените крвни зрнца во облик на диск се оние кои го пренесуваат кислородот до органите и ткивата во вашето тело.

Секој дел од телото треба да има доволно кислород за да функционира како што треба. Многу од симптомите на анемијата, како што се умор и краток здив се предизвикани со намалена испорака на кислород до виталните органи и ткивата на вашето тело.

Црвените крвни зрнца содржат протеин богат со железо кој се нарекува хемоглобин. Хемоглобинот се врзува со кислородот во вашите бели дробови, овозможувајќи им на црвените крвни зрнца да го носат и да го испорачуваат низ вашето тело.

Анемијата се мери според количината на хемоглобинот во крвта.

Постојат различни видови и причинители за анемија. Некои видови се благи и лесно се лекуваат, додека пак други можат да предизвикаат потенцијално сериозни здравствени компликации, пренесува „Healthline“.

Што предизвикува анемија?

Црвените крвни зрнца се произведуваат во нашата коскена срж и имаат просечен животен век од 100 до 120 дена. Во просек, вашата коскена срж произведува 2 милиони црвени крвни зрнца на секоја секунда.

Околу 1 отсто од вашите црвени крвни зрнца се отстрануваат од циркулацијата и се заменуваат секој ден. Секој процес кој негативно влијае на оваа рамнотежа меѓу произведувањето на црвените крвни зрнца и уништувањето може да предизвика анемија.

Причините за анемија генерално се делат на оние со кои е намалено произведувањето на црвените крвни зрнца и оние кои го зголемуваат уништувањето и губењето на црвените крвни зрнца.

Кои се симптомите на анемија?

Многу од симптомите се поврзани со недостатокот на кислород. Анемијата главно е проследена со следните симптоми:

– Умор;
– Слабост;
– Вртоглавици;
– Главоболка;
– Бледа кожа;
– Ладни раце и нозе;
– Отчукувања на срцето кои се многу брзи;
– Болки во градите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk