9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Најчести грешки во хигиената кои можат скапо да нè чинат – овие 5 речиси секој од нас ги прави

Најчитани вести

Лошата хигиена може да предизвика низа болести, но да влијае и на социјалниот и деловниот живот.

Некои грешки во текот на грижата за телото можат да ве чинат скапо, а овие се само дел од нив. 

1. Обувки без чорапи

Носењето на обувки без чорапи за да одбегнете истите да се гледаат на вашите глуждови е голема грешка.

“Во просек вашето стапало се поти неколку пати во текот на денот, а кога носите чорапи, тие ја впиваат целата пот”, изјавила Ема Стивенсон од англискиот колеџ. Освен што неносењето на чорапи предизвикува непријатна миризба, постои ризик од појава на габични инфекции и плускавци.

2. Валкани четки за шминка

Иако изгледаат чисто, на четките за шминка се наоѓаат безброј ситни бактерии кои се рамножуваат од ден за ден. Со тоа, освен што ја уништувате шминката, го уништувате и вашето лице бидејќи од нечистотијата се создаваат акни, инфекции и разни кожни проблеми. Уште полошо е ако ја делите шминката со вашите пријателки.

3. Неправилна употреба на стапчиња за уши

Стапчињата за уши, доколку не се употребуваат правилно, можат да го оштетат ушното тапанче и внатрешноста на увото, па дури да доведат и до оштетување на слухот. Д-р Роберт Шмерлинг објаснил дека дури треба да оставите малку восок во увото бидејќи е потребна одредена количина за да се спречи навлегување на бактериите длабоко во ушите.

4. “Сиромашна” дентална хигиена

Оралната хигиена не значи само четкање на забите. Ако го правите тоа – време е за промена. Многу бактерии живеат во забното ткиво, но и многу од нив остануваат помеѓу забите и до нив е тешко да се допре со четка. Затоа, користете забен конец, но не заборавајте и да го исчистите јазикот.

5. Нередовно менување на постелнината

Вашето тело е голем дел од времето во контакт со постелнината и пешкирите во домот, па затоа е добро редовно да ги менувате, особено доколку вашето милениче обожува да спие на вашиот кревет или доколку редовно имате секс со партнерот на истиот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com