5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Најчести акутни заболувања минатиот месец биле овчи сипаници и ентероколити

Најчитани вести

Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ. Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во јули, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје.

Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно
заразно заболување се овчите сипаници со вкупно
298 пријавени лица. Во однос на јуни има
намалување на бројот на пријавени од
овчи сипаници за 3,9 проценти, а во споредба со јули лани зголемување од 3,7 проценти.

На второ место по бројот на пријавени заболени
во јули се ентероколитите, со 251 случај.
Во однос на јуни се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 36,4 проценти, а во однос на јули минатата година има намалување од 31,4 проценти.

Во однос на поделбата на акутни заразни заболувања по групи, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број се за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени по 4 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина и по еден случај на заразни заушки, легионерска болест и пневмококна инфекција.

Во јули пријавени се 279 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца чинат пријавите за ентероколити. Пријавени се 16 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и 12 случаи на салмонелоза.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани три заболени лица, односно два случаи на хламидија и еден случај на вирусен хепатит Ц.

Во групата на зоонози пријавени се шест заболени лица, по два случаи на бруцелоза и ехинококоза и по еден случај на лајм борелиоза и лајшманиоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани десет случаи, од кои седум случаи на шуга, два случаи на вирусен менингит и еден случај на вирусен енцефалитис.

Во Билтенот се наведува дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје.

Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА.

До ИЈЗ во јули пријавена е и епидемија на заразна болест Toxoinfectio alimentaris, заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка во Штип.

– Се работи за појава на заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка. Од експонираните 100 лица, заболеле вкупно 7 лица, од кои 2 лица биле хоспитализирани во КБ Штип, испишани се во добра општа состојба, информираат од Институтот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com