24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Најчестите грешки кои ги прават купувачите на половни автомобили

Најчитани вести

Ако заборавите или едноставно прескокнете некои од клучните чекори при проверка на половен автомобил, тоа може скапо да ве чини.

Автомобилот е често, после станот или куќата, второто најскапо нешто што некогаш ќе го купиме.

Но, за разлика од недвижностите, автомобилите се еден вид лоша инвестиција – нивната вредност драстично опаѓа со текот на времето и често е скапа за одржување.

Доколку заборавите или едноставно прескокнете некои од клучните чекори при проверка на половен автомобил, тоа би можело скапо да ве чини, пишува Autopress.hr.

Избегнувајте ги следниве грешки кога купувате користен автомобил:

Прескокнување на пробно возењето

Повеќето проблеми со преносот и суспензијата може да се откријат само за време на тест возење.

Исто така, ви овозможува да тестирате какво е чувството да се биде зад воланот и да видите дали има некакви необични тропања, чудни звуци или тешко менување на брзините.

Избрзана одлука

Пред да ги потрошите вашите тешко заработени пари за купување на одреден тип на автомобил, размислете добро за вашите вистински потреби.

На долг рок, помоќните мотори значително ги зголемуваат трошоците за потрошувачка на гориво, теренците имаат поскапи гуми, луксузните автомобили се поскапи за одржување …

Обидете се да го намалите вашиот избор: одредете буџет, изберете го типот на гориво, споредете модели од различни производители.

Непознавање на историјата на возилото

Многу купувачи на половни автомобили сè уште стануваат плен на измами како што се враќање на километражата или лошо поправена штета само затоа што не ја проверуваат историјата на автомобилот пред да го купат.

Денес, практично секој може да нарача онлајн проверка на историјата на автомобилот и да дознае низ што поминал автомобилот од денот кога е произведен – се што треба да знаете е бројот на шасијата (VIN).

Купување без консултација со механичар

Освен ако не знаете сами да го прегледате автомобилот и ги имате сите потребни алатки, треба да го однесете возилото кај експерт за проверка.

Механичарот ќе ја испита суспензијата, моторот и ќе ги вклучи дијагностичките алатки.

Заклучок: Без разлика на цената на автомобилот, погрешните одлуки при купување на половен автомобил подоцна може скапо да ве чинат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com