7.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Најчевска: Пендаровски не треба да се извинува

Најчитани вести

Професорката Мирјана Најчевска во Само вистина на Канал 5 рече дека претседателот на државата Стево Пендаровски, според неа не треба да се извини за изјавата која ја даде во Нови Сад, кога рече дека би се иселил доколку не бил претседател.

Таа вели дека тој тоа го кажал искрено, со цел да посочи на проблемот.

„Безнадежноста којашто некако почна да ја преплавува целата држава, најверојатно се одразува во неговиот израз и мислам дека тоа е многу човечки“, кажа Најчевска.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски смета дека изјавата не е коректна, и според него треба Пендаровски да внимава во иднина со изјавите кои ги дава во странство, за да не мора да се извинува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести