Home » НАЈЧЕВСКА ЗА АПАСИЕВ И КРМОВ: Да одговораат кривично за одобрувања воени злосторства

НАЈЧЕВСКА ЗА АПАСИЕВ И КРМОВ: Да одговораат кривично за одобрувања воени злосторства

by Журнал.мк

Професорката Мирјана Најчевска, лидер на партијата Твоја вели дека над пратениците на Левица кои се сретнаа со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин треба да се примени членот 407-а од Кривичниот законик – “Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“
„Тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува делата од членот 403 до 407, ќе се казни со затвор
од една до пет години. Ова треба да се примени и на сите гласила, поединци и посебно водачи на политички партии, вели Најчевска.

Димитар Апасиев и Борислав Крмов завчера се сретнаа со Баздникин во Собранието и ја оквалификуваа инвазијата на Украина како „специјална воена операција“ – истиот речник што за војната го употребува Кремљ.

Во соопштението на партијата за средбата се вели дека тие во разговорот ставиле „акцент на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија“.
Апасиев, се додава во соопштението, се оградил од постапките на македонската дипломатија и ги нарекол „нецивилизирани антируски чекори кои воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани“.

Од санкциите против Москва, заклучиле пратениците и амбасадорот најголеми губитници ќе биле македонските земјоделци, „а потенцирана беше и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежне патувањето и транспортот меѓу државите“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk