4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Најубавиот пар на светот: Популарните актери повеќе не кријат дека се заедно

Најчитани вести

Актерот Ченинг Тејтум (41) и актерката Зои Кравиц (32) се среќно заљубени.

По повеќе месеци шпекулирање и симпатични папарацо фотографии на кои заедно шетаат по улиците на Њујорк, како и откако биле уловени како заедно ја напуштаат манифестацијата Мет гала, парот се фатил за раце и со тоа ги потврдил шпекулациите.

Актерот носел крем дуксер и црни тренирки, додека пак Зои изгледала прекрасно без грам шминка на своето лице, во широки фармерки, чизми, беж ролка и црн мантил.

Тие разговарале, се прегрнувале, се држеле за рака и се смееле, а потоа отишле на ручек во кој уживале скриени од папарацо фотографите.

Тејтум и Зои се зближиле во текот на снимањето на филмот „Pussy Island“ кој е режисерско деби на Зои, а првпат за нив се шпекулирало дека се во врска во месец јануари, само неколку денови откако актерката се разведе од Карл Гласман по две години брак.

Од друга страна, Ченинг во месец октомври раскинал со британската пејачка Џеси Џеј.

Повеќепати претходно Ченинг и Зои биле забележани заедно во симпатични ситуации, а летото многу внимание привлекле фотографиите на кои гледаме како возат велосипед заедно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com