Home » Најстудено на Попова Шапка -6 степени

Најстудено на Попова Шапка -6 степени

by Журнал.мк

На Попопова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и  Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) наврнат воден талог има во Дебар 4 л/м2, 3 Попова Шапка, 2 Штип, Берово, Крушево, Маврови Анови, 1 Охрид, Виница, и помлаку од 1 л/м2 во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и во Куманово.

Снежната покривка  во 7 часот на Попова Шапка е 5 см, а 2 во Крушево и Лазарополе.

Времето денеска наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk