33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

НАЈСТАРАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ОТКРИ ШТО Е НАЈВАЖНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ: „Станувам пред 6 часот секое утро и се занимавам со математика“

Најчитани вести

Иако требаше да биде дел од церемонијата на пренесување на олимпискиот факел, пред неколку дена беше објавено дека нема да биде поради пандемијата.

Кане Танака, во 2019 година, беше официјално прогласена за најстара личност на светот на церемонија во дом за стари лица каде што живее во Фукуока, во присуство на членовите на семејството и градоначалникот на тој град во југозападна Јапонија. Во тоа време имала 116 години.

Иако требаше да биде дел од церемонијата на пренесување на олимпискиот факел, пред неколку дена беше објавено дека нема да биде поради пандемијата.

Танака е родена на 2 јануари 1903 година, како седмо од осумте деца. Таа се омажила за Хидео Танака во 1922 година, со кого има четири деца и едно посвоено.

Танака станува секое утро пред 6 часот, сака да се занимава со математика и да ја игра играта „Отело“.

Јапонците се познати по својата долговечност и доминираат на списокот на најстари луѓе во светот. Иако современото доба и промената на исхраната доведоа до зголемување на бројот на дебели луѓе, сепак тоа е релативно редок феномен во земја чија кулинарска традиција се базира на риба, ориз, зеленчук и друга храна со малку маснотии.

Пред Танака, најстарата личност на светот исто така беше Јапонка, Чијо Мијако, 117, која почина во јули 2018 година.

Во Јапонија, возраста традиционално се почитува, така што луѓето остануваат активни и се чувствуваат корисни во нивните 80-ти и повеќе години.

Најстара досега е Французинката Жана Луиз Калмен, која според Гинис живеела 122 години.

Жана рекла дека само еднаш во животот имала конјунктивитис и дека цел живот се негувала со маслиново масло и пудра. Почнала да пуши цигари кога се омажила и тоа го правела сè до 117-тата година. Возела велосипед до својата 100-та година, а потоа го скршила зглобот. Таа се опоравила многу брзо и можела повторно да оди.

Живеела самостојно до 110-тата година од животот, а потоа се преселила во дом за стари лица. Секој ден таа барала да ја разбудат во 6.45 часот. Денот го започнувала со молитва на нејзиниот прозорец. Му се заблагодарувала на Бога што е жива и што денот е убав.

Наутро, таа би се занимавала со гимнастика слушајќи класична музика на вокмен. Исто така знаела да прави вежби за раце и нозе. Медицинските сестри забележале дека таа се движи побрзо од луѓе кои се 30 години помлади од нејзе.

После секој оброк, таа пушела цигара. Уживала во чоколадото и црните посластици секогаш морало да ги има во нејзината соба. Таа јадела до килограм чоколадо неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести