20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Најново истражување: Секој трет пациент со психијатриско нарушување

Најчитани вести

Студија спроведена на 23.000 испитаници, претежно од Соединетите Американски Држави, открила дека на еден од тројца преживеани ковид пациенти им е дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по третманот.

Ова упатува на заклучок дека бран на невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата, според стручното списание „Лансет Псајкајатрист“.

Од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кај преживеаните пациенти со кора, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.

Студијата не утврди кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувач на овие нарушувања, но беше заклучено дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да ги спречи или како да се третираат медицински.

Врз основа на анализата на медицинските досиеја, откриено е дека од 236 илјади луѓе шест месеци по прележувањето на Ковид-19, кај 34 проценти биле дијагностицирани невролошки или психијатриски проблем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести