10.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Најновиот Apple патент покажува Touch ID сензор под екранот

Најчитани вести

Во текот на претходните неколку години, Apple полека го отфрлаше Touch ID сензорот за отпечатоци од прст од iPhone и го замени со Face ID опцијата. Touch ID, сепак, можеби нема долго да отсуствува од iPhone моделите, бидејќи на Apple му е одобрен патент за истиот сензор под екранот.

Apple ќе продолжи да работи и со Face ID и Touch ID опциите за биометриска сигурност. Најновиот Apple патент покажува дека Touch ID користи сензори кои се сместени под дисполејот, но не користи капацитивни сензори на допир. Моментно, MacBook 13, 15 и MacBook Air имплементираат капацитивен Touch ID, додека поновиот 16-инчен MacBook Pro веќе користи оптички сензори.

Патентот илустрира дека Touch ID се користи на екранот на допир на телефонот за да оствари пристап до уредот. технологијата користи слој на оптички сензори под слојот на екранот и преку диелектричниот слој.

Ова е прв конкретен знак дека Apple работи на тоа да го врати Touch ID во iPhone, но не е познато кога компанијата планира да го имплементира овој нов систем во своите телефони.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com