13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Најнова студија: Заштитата со „фајзер“ и „астразенека“ против делта-сојот опаѓа во рок од три месеци

Најчитани вести

Најнова здравствена студија во Обединетото Кралство покажала дека во рок од три месеци опаѓа заштитата што ја обезбедуваат вакцините на „Фајзер“ и на „Астразенека“ против доминантниот делта-сој на коронавирус, пренесуваат медиумите во регионот.

Откриено е дека оние што се инфицирале откако ги примиле двете дози на вакцината може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе.

Студијата на Универзитетот во Оксфорд, заснована на повеќе од три милиони примероци земени од нос и грло низ Британија, покажала дека 90 дена по втората доза од вакцината на „Фајзер“ или на „Астразенека“, нивната ефикасност во спречувањето на инфекцијата била намалена на 75 и на 61 проценти.

Притоа падот на ефикасноста на вакцините бил поизразен кај луѓе на возраст од 35 години и другите повозрасни лица, отколку кај помладите луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com