0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Најновата генерација на Golf како и претходната доби спортска верзија R, а како и тогаш, прв свое деби имаше хечбекот, за сега да му се придружи и и практичен караван

Најчитани вести

Осмата генерација на Golf R веќе ни е доста позната благодарение на хечбекот. Караванот технички не се разликува многу, но големиот багажник или многу простор зад задното седиште го прават овој предлог совршен семеен автомобил за татковците кои понекогаш сакаат да полудат малку и да ги посетат тркачките патеки.

Перформансите се одлични, до „стотка“ по само 4,9 секунди, а максималната брзина е 250 km/h (или 270 km/h ако го избереме пакетот R Performance). Ваквите параметри се должат на добро познатиот дволитарски мотор кој генерира 320 КС и 420 Nm максимален вртежен момент.

Енергијата на асфалтот се пренесува со 7-степен автоматски менувач DSG и 4Motion 4WD со Torque Vectoring и избор на режими на возење. Меѓу нив е опцијата Drift, која овозможува намерно пролизгување на задната оска, што во комбинација со прилагодливата суспензија DCC и прогресивниот систем на управување, овозможуваат вистинско задоволство при возењето.

И сето ова е комбинирано со предностите типични за караван, како што е багажникот од 611 литри кој може да се зголеми на 1.642 литри со преклопување на задните седишта или опционална влечна кука за влечење приколки со тежина до 1,9 тони.

Како да тоа не е доволно, па Volkswagen тврди дека телото на караванот има дури и неколку динамични предности во однос на хечбекот. Ова вклучува помал отпор на воздух и подобра дистрибуција на тежината помеѓу двете оски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com