30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Најнискиот минималец во регионот се исплаќа во Македонија

Најчитани вести

Најниска минимална плата во земјите од регионот земаат работниците во Македонија, или 203 евра. Според последните достапни податоци минималецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна минималецот е зголемен на 222 евра, пишуваат регионалните медиуми.

Во Србија најниската заработувачка во моментов изнесува околу 230 евра, но следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па од први јануари минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Поранешните југословенски земји, кои добија членство во Европската унија, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Хрватските работници можат да заработат најмалку 405 евра, додеа во Словенија минималецот значително ја надминува просечната плата во повеќето земји од регионот и изнесува 667 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести